nuklearni raketi
Фото: ЕПА

Белорусија почна да ја тестира подготвеноста на својата војска да распореди тактичко нуклеарно оружје, објавија државните медиуми во текот на подготовките за нуклеарна вежба, која ќе ја спроведува Русија.

Државната новинска агенција „Белта“ го цитираше министерот за одбрана Виктор Кренин дека претседателот Александар Лукашенко наредил ненадејна проверка на силите одговорни за таквото оружје.

– За време на инспекцијата ќе биде проверена цела низа активности од планирање, подготовка и употреба на тактичко нуклеарно оружје – рече Кренџин, а пренесе „Ројтерс“.

– Проверките ја вклучија ракетната дивизија „Искандер“ и ескадрилата на авионите Су-25 – додаде Кренџин.

Лукашенко во април рече дека „неколку десетици“ тактичко нуклеарно оружје на Русија биле распоредени во Белорусија според договорот што тој и претседателот Владимир Путин го објавија минатата година како одвраќање за Западот.

Тактичкото нуклеарно оружје е дизајнирано за употреба на бојното поле, за разлика од стратешките боеви глави дизајнирани да бришат цели непријателски градови.

Русија во понеделникот соопшти дека ќе вежба распоредување на такво оружје како дел од воената вежба по, како што рече Москва заканите од Франција, Велика Британија и САД.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба изјави дека Киев не гледа ништо ново во вежбата, бидејќи „нуклеарната уцена е постојана практика на режимот на Путин“.