Во првиот круг од претседателските избори во Општина Кичево 300 болни и изнемоштени граѓани гласаат во домашни услови.
Во Македонски Брод 86 болни и изнемоштени гласаат во домашни услови. Во оваа општина се гласа на 38 избирачки места, додека таму се гасат 15 избирачки места во селски населби.
– Во првиот круг од претседателските избори во општина Кичево 300 болни и изнемоштени гласаат во домашни услови. Инаку, во нашата општина на единствениот избирачки список се запишани вкупно 50.446 граѓани, а ќе се гласа на 120 избирачки места, додека девет избирачки места се гасат поради намален број избирачи. Се работи за селата Лавчани, Иванчишта, Кладник, Светорача, Рабетино, Дупјани Козичино, Крушица и Јагол Доленци. Гласачите од овие села ќе можат да гласаат во најблиското село до нивното, но сами ќе треба да обезбедат транспорт до гласачкото место – нагласи Анета Трпеска, заменик секретар на ОИК Кичево. З.А.