РАКОМЕТ – ЛИГА ЕВРОПА
Спoртинг – Некар, Нант – Фуксе Берлин, Скјерн – Динамо Букурешт и Фленсбург – Савехоф се четвртфиналните двојки во годинашнава ракометна Лига Европа (ЛЕ) за мажи, по одигрувањето на возвратните осминафинални натпревари.
Претходно директен пласман во четврт-финалето преку групната фаза обезбедија француски Нант, дански Скјерн, португалски Спортинг и германски Фленсбург, а по реванш-дуелите од осминафиналето меѓу осумте најдобри тима сезонава во Лига Европа се пласираа Динамо (Романија), Савехоф (Шведска), Фуксе Берлин и Некар (двата клуба од Германија). Титулата од лани ја брани Фуксе Берлин.
Првите натпревари од четврт-финалето треба да се одиграат на 23 април, а реваншите се на 3 април. Лани на фајналфор-турнирот во оваа конкуренција играа Фуксе Берлин, шпански Гранољерс, француски Монпелје и германски Гепинген.
Реванш-дуели, осминафинале на ЛЕ: Силкеборг – Динамо Букурешт 24-27 (вкупен резултат 58-64), Савехоф – Хановер 34-25 (64-59), Фуксе Берлин – Кадетен 34-28 (66-56), Некар – Нексе 31-29 (55-48). Г.И.