Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23.37 часот во југозападниот дел од земјава, во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, со Рихтерова локална магнитуда МЛ3,2.