ФУДБАЛ
Сите 20 досега пласирани репрезентации и домаќинот Германија ги потврдија своите тимски базни кампови, од каде што ќе патуваат на нивните соодветни натпревари и ќе престојуваат и ќе тренираат помеѓу натпреварите за време на фудбалското Европско првенство (ЕП) годинава, од 14 јуни, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). Сите селекции ќе пристигнат во своите базни кампови најмалку пет дена пред својот прв натпревар.
Откако првпат ја вклучи одржливоста како критериум во регулативите на турнирот, распоредот на натпревари е дизајниран за репрезентациите да ги играат натпреварите од групната фаза само во два регионални кластери за да се намалат патните растојанија за тимовите и за гледачите помеѓу градовите домаќини. Ова фаворизира тимските делегации да патуваат со воз, понудени преку партнерство со „Дојче бан“, или со автобус од нивните базни кампови до местата на натпреварите за време на групната фаза, оставајќи многу помала јаглеродна трага отколку на претходните турнири, пишува УЕФА.
По завршувањето на плејофот во март, трите преостанати репрезентации што ќе се пласираат на ЕП 2024 ќе можат да избираат од претходно резервираните базни кампови. Н.М.