Сашо Мијалков во рок од 24 часа по приемот на решението од Кривичниот суд за 30-дневниот притвор има право на жалба до Апелацискиот суд – Скопје.
– Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С.М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. Бр. 47/17 од обвинителството означен како
„Таргет/Тврдина“, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП – соопшти Кривичниот суд.
Против ова решение, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението.