Фото: ЕПА

Франција, која во финалето го победи досегашниот светски и актуелен европски првак Норвешка, сега е олимписки и светски шампион. Данска го освои бронзениот медал и со тоа обезбеди пласман на ЛОИ 2024, а претходно Франција (како домаќин) и Норвешка (како европски првак) обезбедија место на Игрите

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ

Франција ја освои третата титула светски првак на Светското првенство (СП) за ракометарки на кое настапија 32 селекции, со девет победи од исто току натпревари. Во мошне интересно и возбудливо финале против дотогаш актуелниот шампион Норвешка, Франција победи со 31-28 (20-17), и вторпат во претходните четири СП го крена славеничкиот пехар.
Возбудливо беше на сите четири претходните финални дуели на СП помеѓу овие две ракометни велесили, но никогаш меѓу нив финалниот натпревар на СП не бил завршен со толку голови во регуларното време, ниту пак некогаш бил меч со толку брзо темпо, помеѓу актуелниот олимписки првак Франција и светскиот првак Норвешка, како овој во Хернинг (Данска), каде што присуствуваа најголем број гледачи во историјата на СП, 12.031.
Четврти пат на СП, а втор во низа, Данска се закити со бронзениот медал, откако ја совлада Шведска со 28-27 и со тоа обезбеди пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз в година. Претходно место на Игрите обезбедија и Франција (како домаќин) и Норвешка (како европски првак).
Најкорисна ракометарка (МВП) на СП 2023 е Норвежанката Хени Реистад, а за најдобар млад играч е избрана Германката Виола Лохтер. Најдобро десно крило е Швеѓанката Натали Хагман, десен бек Луиз Бургард од Данска, Маркета Јерабкова од Чешка е прв стрелец со вкупно 63 гола, а најдобра голманка е Французинката Лаура Глосер. Г.И.