Германскиот филозоф Теодор Адорно, откако го виде ужасот, сериозно се запраша дали е можна појавата на Аушвиц. Јас тоа прашање, драг читателу, си го поставив по македонскиот идентитетски геноцид во Преспа 2018, а сега и со трагедијата на палестинскиот народ. Не најдов дециден одговор, па сепак некако се прашувам дали ако пишуваа поезија Нетањаху и Бајден ќе имаше војна?
Повеќепати сум рекол дека цивилизацијата не е априори позитивен поим. Амбивалентна е. Таа е компонирана од слој култура и слој варварство. Римската цивилизација ја знам како архетип за тоа: не знаеш што доминира во неа во некои периоди, културата или варварството. А нејзина речиси природна наследничка е западноевропската цивилизација на нејзините колонијалистички нации. Тие распнуваа за материјален профит цели племиња и народи. Една далечна аналогија, малку во стилот на метафората како што ја дефинираат надреалистите (спој на далечни реалности), ме тера природно кон сликата на распнувањето на Исус на Голгота, кого лукавите Евреи го предадоа со бакнежот на Јуда во Гетсеманија, но распнувањето и забивањето на клинците на крстот им ги препуштија на римските војници на Пилат. Функционална аналогија, универзалниот клуч на Бодлер, бидејќи сега колонијалистичка Европа им го прави тоа на цели народи како колективни Исуси (меѓу нив и Македонците), како континуален наследник на суровата римска цивилизација. Римската Империја навистина имаше голема култура и гении како што се Вергилиј, Овидиј, Катул, Цицерон, Сенека и други, но имаше не помалку и варварство и ѕверски чудовишта какви што беа Нерон и Калигула. И во колонијалистичка Европа е истата слика. Има Шекспир, но има и Черчил, кој ги бомбардираше децата во Егејска Македонија. Итн. Постојат многу примери за култура и варварство, прострени едно покрај друго. А и римскиот колосеум во кој се фрлаа робовите во устата на ѕверовите за забава на аристократијата е присутен во стилизирана варијанта и кај наследничката на Рим, Европа. Него со посредство на технолошките достигнувања на епохата на телевизијата и интернетот може да го гледа аудиториумот речиси на целата планета, но тој е посебна естетска катарза за оние што го измислиле и го продолжуваат: Западот. Поодамна тој колосеум на крвави игри (дајте му на народот игри и леб и ќе биде мирен велеше Калигула) беше во Јужна Америка кај Маите, Ацтеките и Инките, па во Северна кај божествените Индијанци. Од поново време е главно низ Африка, Блискиот Исток и Азија: Виетнам, Ирак, Либија, Сирија, Авганистан, Конго, Никарагва, а потоа, се разбира, и во Југославија. Еден мал садистички кадар, најнов, од тој колосеум имаше и во Македонија во 2001 година.
И пак за ќеф и забава на Империјата. Но и на некои варварски настроени кај нас.
Подолга воведна дигресија, а всушност таа е во самата срцевина на темата на нашата денешна колумна, драг читателу, со наслов, „Ѕверското лице на цивилизацијата“. Се разбира, со длабоко извинување на невините ѕверови за кои во една песна напишав: „Животни полни со Бог, но несвесни за него“. Да. Но тоа е, јунговски речено, проекцијата на човекот на својата темна сенка на душата на ѕверовите како алиби за своите ѕверства. На човекот без Бог и без чувство за божественото. Веќе, пак, ти е јасно нели, драг читателу, дека повеќе од евидентно станува збор за западната евроамериканска цивилизација, која сега целосно се разголи и го покажа своето ѕверско варварско лице во Газа – Палестина. Сега ударна игла на нејзиното варварство е Израел, кој иако е на Блискиот Исток, неизбежно е вклопен во големата слика на западната цивилизација. Да, иако парадоксално, имено во неа тој, во Хитлеровите логори ако потраеше уште малку војната, ќе беше целосно ликвидиран. Но сега, како што гледаме, тој е нејзин најголем миленик. Западната, не источната цивилизација, драг читателу, на мистична Азија со која е поврзан поимот мудрост, елементот со кој, покрај со Словото, Господ ја создава и вселената. Цивилизацијата на прекрасните Индија и Кина, кои, иако џиновски огромни, никогаш не поседувале колонијалистички нагон како Западот за грабеж на туѓото благо. Напротив, во еден период тие дури и биле жртва на западните колонизатори. Пред сè на агресивните со челична душа Англосаксонци. А сега со она што се случува во Газа уште поостро е повлечена границата на цивилизациска разлика меѓу Истокот и Западот. Западот чиј најопасен збор е зборот демократија, со кој посебно се фали, но кога ќе го изговори него веднаш негде полетуваат неговите бомбардери полни со смрт. Тој „невин“ збор од поодамна е перверзен изговор за колонизирање и пљачкање цели народи. Една битна, најбитна разлика. Истокот не отвори ни една, а Западот отвори дури две светски војни едноподруго, а сега ја почна и третата. Таа е во тек. Можен знак за тоа е Украина, во која всушност, на сите им е јасно, Русија води војна со НАТО на западната евроамериканска цивилизација. Украинците се само алатка за неа, жртвуваната жртва, да се изразам тавтолошки. Особено Европа, по која копнееше Петар Велики, а потоа и Тургењев, Пушкин, па во одредени мигови и Достоевски, отсекогаш се однесувала кон Русија како кон туѓ организам, сакајќи да ја покори, а сега со НАТО и со Америка и да ја уништи.
Најпосле, драг читателу, како архетип за психолошката, егзистенцијалната и филозофската разлика меѓу Истокот и Западот што го презентира сега Евроамерика, можеме да земеме и две личности како претставници на западната и источната душа: Бајден и Си Џинпинг. Првиот се одликува со агресивна патолошка психа, а вториот со мудроста на Лао Це и практичната хуманистичка филозофија за уредување на општеството и светот на Конфуциј. Првиот со воинствен и агресивен нагон за ширење на Империјата, а другиот со нагон за хармонизирање на светот, зa што се пример неговите универзално-хуманистички и културно-цивилизациски проекти „Појас и пат“ и „Патот на свилата“. Тие идат и кон Македонија, но „Патот на свилата“, имено, беше пресечен од Американците пред прагот на Македонија за да не поминува рускиот гас низ неа. Тоа е разликата. А изгледа дека понекогаш таа заразна агресивност и скриен нагон за варварство се налепуваат, во некои случаи, и на психата на некои источни луѓе што се вклопиле до непрепознатливост со својата расна генеза во психата на западната цивилизација. За таков архипримерок мене ми се стори, драг читателу, темномурестиот англиски премиер Сунак, инаку Индус. И мене тука воленс-ноленс молскавично ми светна помислата дека, имено, него несвесно и го избрале Англичаните за премиер меѓу толкуте Англичани, за да ја исперат нечистата совест за колонизацијата на неговата божествена Индија. Моја лична хипотеза. Е, тој Сунак видов како во екстаза се прегрнува со Нетанјаху, поголема и од онаа прегратка на Бајден со него, одобрувајќи ја така неговата крвава војна со голоракиот мартирски палестински народ. Секако, притоа зачинета бесрамно и со фашизоидна западна реплика: „Израел има право да се брани“, додека деноноќно убива, на секои 10-15 минути, палестински деца. Може се веќе десетина илјади. Страшно! Видов дека тој англизиран Индус се вклопил целосно во англосаксонската ДНК и веќе нема никаква врска со прекрасната, мирољубива и космополитска колективна душа на Индија, онаа што ја имаат Калидаса, Кабир, Нехру, Ганди, Тагоре и другите слични на нив.
Сега, со сè што се случува во Газа, е на сцената на планетарниот крвав театар варварството на обновената римска евроамериканска цивилизација. И дали не е, драг читателу, тоа ѕверот што во стилот на старозаветен пророк го најави на почетокот на минатиот век во една своја песна Јејтс. Ѕверот што два милениума по Исус ќе се роди во Витлеем? Дали не е сега тој ѕвер Израел што сее енормна варварска смрт низ Газа? Или е тоа и целата здивена евроамериканска цивилизација што го охрабрува него во неговите ѕверства? Цивилизацијата, чија крвава танчарка Саломе во континуитет во поново време, почнувајќи од Првата, а потоа и во Втората светска војна, танцува со пресечената глава на цели невини, сиромашни и послаби народи. Таа, впрочем, го одигра него во Брисел, Вашингтон и во Атина (а сега се подготвува и за Софија, можеби и за Фанар) и со пресечената идентитетска глава на Македонците. Со големо самозадоволство и екстаза.
Така. А јас само се прашувам, драг читателу, дали Газа сега не е вовед во реализацијата на хипотезата на Ханингтон за судир на цивилизациите. Којзнае, можеби однапред шепната од ЦИА. Новата, по многуте претходни божем за спас на божјиот гроб, крстоносна војна на Западот за пљачкање. Оти тој како либералкапиталистичка ламја и нема веќе друга цел освен профитот. Неговиот еднодимензионален (Маркузе) обесветен и обескултурен потрошувачки човек, корпоративен, и нема друг повисок идеал. Оти, всушност, и западниот блок е како Израел веќе избран, ариевски народ. Ама дали од Бог или од сатаната? Хитлер гласно го кажа тоа за разлика од денешните без идентитет лидери на западната цивилизација, иако сега нивниот пекол Газа е и пожесток и пострашен од неговиот. Оти умниот германски гениј Томас Ман веднаш по Втората светска војна рече: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. Да. Оти веднаш по него го заведоа и искачија на светска сцена, имено, антифашистите. Први Американците со Хирошима во 1945 г., оти, како што вели генералот Камингс од култниот роман на Норман Мајлер „Голи и мртви“, Германците за разлика од нив немаат толку витална енергија за него. Тоа. Европа, исто така, малку подоцна зад својот цивилизациски производ зад Атлантикот го воведе него во 1948 г. со англиските бомбардери од американско потекло што ги ништеа со напалм-бомби македонските деца во Егејска Македонија.
Тоа, драг читателу. Има огромни умови, творци и гении западната цивилизација, но тие сега се целосно во сенка на нејзината корпоративна робовладетелска моќ, која сè уште го меле светот. Во сенка на темните влади во Брисел и Вашингтон. Тие што сега го поттикнуваат, наместо да ја смират војната, Израел да ја создава новата слика на Хирошима во светот. И што ќе се случи никој не знае. Помрачени умови ја водат таа откачена од секакви морални норми и хуманизам цивилизација. Иако се претставува за хуманитарна (различно од хуманистичка), праќа по дваесетина камиони храна за два милиона мартирска маса, а всушност ги храни само толку колку за да ги убиваат приживе нивните нови крстоносци Израелците. Страшно и ужасно, драг читателу, а веќе се слуша звукот на трубите од небо што го огласуваат Армагедон, последната битка на борба на Доброто и Злото. И Македонците, како и Палестинците, од Господ се планирани во неа како воини на страната на Доброто. Повторно, ќе се борат антифашистите против фашистите. Ред е и Бугарите да ја остават Македонија и да се престројат. Точка. Крај, драг читателу. Ултрацрвено. Запалена гламна во безнадежната светска ноќ. Збогум со Белите мугри на утопистот Рацин и неговиот „силно светнат ден“ од „Копачите“ што го очекува одамна мартирското човештво.