Деновиве излезе од печат третата книга на Мира Илијоска со работен наслов „Жуборливи поточиња“.
Се работи за збирка поезија наменета за учениците од основните учулишта. Оваа книга содржи 91 песна , а учениците од кичевските основни училишта ќе имаат можност да се запознаат со овој книжевен труд во текот на второто полугодие, кога авторката најави дека ќе ги посети овие училишта.
-Жуборливи поточиња е мојата трета книга откако претходно во 1999 година ја издадаов првата прозна книга со наслов„ Патување низ спомените“ во која доминантно беа застапени патеписни репортажи и мои лични импресии од овие патувања. Втората книга ја издадов во 2018 година со наслов„ Мојот чекор“, стихозбирка во која се застапени родољубиви песни, песни за семеството , за моите деца и за моето чекорење низ времето-истакна авторката Илијоска и потсети што е инспирирало да го напише најновиот поетски труд.
-За мојата трета книга инспирација ми беа децата кои се наша најголема радост и смислата на нашето постоење. Тие се како жуборливи поточиња, играат, пеат и се смеат. За да ја доближам оваа книга до учениците од локалните училишта, ќе ги посетам во второ полугодие, каде во детали ќе ги запознаам со песничките од мојот најнов труд-додаде авторката.
И како што сама посочи, посетата на училиштата ќе биде воедно и најдобра промоција на овој книжевен труд.