Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево во Бански двори и се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа на министерот за одбрана Марио Баножиќ, посочувајќи дека го разрешил од должноста.
Во несреќата што ја предизвика сега поранешниот министер, загина возачот на комбето (40), а Баножиќ е тешко повреден.
Пленковиќ прво му изрази сочувство на семејството на загинатиот возач на комбе, Горан Шариќ.
Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди. Изразивме сочувство до семејството на господинот Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ, рече тој.
„Го разрешив Баножиќ“, рече Плановиќ и додаде дека го овластил државниот секретар Здравко Јакоп да ја врши должноста министер за одбрана.
„Лицата кои се заштитени лица од втора категорија имаат правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Одел во приватна ситуација. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци. Ова беше ситуација кога викендов возел сам и дошло до тешка сообраќајна несреќа“, појасни премиерот на Хрватска.
Баножиќ одел на лов кога се случила несреќата, јавува Индекс. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Билјана Лубуриќ, заменик државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока. Таа изјави дека земале примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но дека се уште ги немаат резултатите.
Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек информираат дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот.
Според Кривичниот законик, учесник во сообраќајот на патиштата кој со прекршување на прописите за безбедност во сообраќајот ќе предизвика опасност по животот или телото на луѓето или имотот од големи размери, а како резултат на тоа ќе предизвика смрт на едно или повеќе лица, предвидена е казна затвор од три до 15 години.