Различни фактори во секојдневниот живот предизвикуваат стрес, било да се тоа работа, семејство, обврски или слично. Но стресот е причина и за разни други проблеми како несоница и намален имунитет, а кога страдате од несоница и стрес се појавуваат темни кругови околу очите. Ако секој ден се будите со подочници, додавањето на оваа една состојка во вашата ноќна и утринска рутина ќе го реши тој проблем, а тоа е витаминот Ц.
Витаминот Ц е антиоксиданс што го подобрува имунитетот и третира различни здравствени проблеми. Нашето тело не произведува витамин Ц, но го има во различни намирници како што се компирите, доматите, брокулите и, секако, портокалите и лимоните.
За да се ослободите од темните кругови, сè што треба да направите е да исцедите малку сок од лимон или портокал на памук. Потоа наутро и навечер со памук втријте го сокот на подочниците и кожата ќе ви се освежи и темните кругови ќе исчезнат. Не само што ќе се ослободите од темните кругови туку и вашата кожа ќе биде мека и ќе го забавите стареењето и создавањето брчки.
Многу е важно да не излегувате на сонце по нанесувањето на сокот бидејќи цитрусното овошје, но и некои зеленчуци како целерот може да предизвикаат состојба на чувствителност на кожата предизвикана од сонцето, позната како фитофотодерматитис. Состојбата се јавува кога сокот од лимони, портокали, грејпфрут, целер, моркови, смокви, магдонос, пашканат ќе дојде во контакт со кожата, предизвикувајќи дамки или, во потешки случаи, изгореници со меурчиња.