Фото: пиксабеј

Економијата на Македонија во 2025 година остварила реален раст од 3,8 проценти, додека номиналниот раст на Бруто-домашниот производ (БДП) изнесувал 7,1 процент. БДП достигнал вредност од 1.105.239 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

БДП по жител во текот на минатата година изнесувал 9.859 евра.

Најголемо учество во создавањето на додадената вредност имале секторите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, како и објектите за сместување и услужните дејности со храна. Нивното заедничко учество во структурата на БДП изнесувало 19,9 проценти.

Значаен придонес во економскиот раст имале и бруто-инвестициите во основни средства, кои во 2025 година оствариле номинален пораст од 9,6 проценти во споредба со претходната година.

Во структурата на БДП, финалната потрошувачка учествувала со 80,7 проценти, додека учеството на извозот на стоки и услуги изнесувало 60,8 проценти.