Рано изутринава во Загреб, под се уште неразјаснети околности, дојде до пожар во автомобил. Огнената стихија набрзо се проширила на вкупно девет возила, од кои три се целосно уништени.
Пожарникарите, со две возила, го изгаснале огнот за само седум минути, но голема материјална штета веќе е направена. Во инцидентот никој не е повреден.
Точната причина за пожарот ќе биде познат по полицискиската истрага, која е во тек. Хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, наведуваат дека пожарот бил подметнат.