Реј­тин­гот на игра­чи­те е рас­про­стра­нет прем­но­гу, си­ту­а­ци­ја­та се вло­шу­ва со се­ко­ја из­ми­на­та го­ди­на, а проб­ле­мот се ја­ву­ва по­ра­ди раз­лич­ни фа­кто­ри, вклу­чу­вај­ќи го и ми­ни­мал­ни­от реј­тинг, кој е по­ста­ве­на прем­но­гу ни­ско, на 1.000 по­е­ни, про­ме­ни­те на поз­на­то­то пра­ви­ло од 400 по­е­ни и на­чи­нот на прес­ме­ту­ва­ње на пр­вич­ни­те реј­тин­зи, пи­шу­ва ФИДЕ

ШАХ

Едно од основните шаховски добра што Светската шаховска федерација (ФИДЕ) го има е рејтингот на ФИДЕ. Од усвојувањето на системот за оценување Ело во 1970 година, правилата и формулите за пресметување на рејтингот претрпеа голем број промени, а бројот на рангирани играчи експоненцијално порасна, пишува ФИДЕ. Во изминатата деценија, одредени иновации предизвикаа дефлација на рејтингот, загриженост што ја поттикнаа професионалните играчи и математичари и не остана незабележана од ФИДЕ. Рејтингот на играчите е распространет премногу, ситуацијата се влошува со секоја измината година, а проблемот се јавува поради различни фактори, вклучувајќи го и минималниот рејтинг, кој е поставена премногу ниско, на 1.000 поени, промените на познатото правило од 400 поени и начинот на пресметување на првичните рејтинзи, пишува ФИДЕ.
Квалификациската комисија на ФИДЕ и математичарот Џеф Сонас вложија значителен напор во анализата на ситуацијата. Како резултат на оваа работа, тие предлагаат две корективни мерки. Првата мерка, која ја нарекоа компресија, има цел да се приспособи на дефлацијата. На сите играчи со помалку од 2.000 поени, што ги сочинува долните 85 отсто од сите играчи со рејтинг, ќе им се даде еднократно зголемување на рејтингот на листата во јануари 2024 година. Доделените дополнителни поени постепено ќе се намалуваат од 400 (за оние со рејтинг 1.000) на нула (за оние со 2.000), па, на пример, играч со рејтинг 1.600 ќе добие дополнителни 160 поени, пишува ФИДЕ. Втората мерка, подобрувања во пресметките, се фокусира на подобрување на регулативите за рејтинг за да се спречи идна дефлација. Ова вклучува зголемување на минималниот рејтинг од 1.000 на 1.400, враќање на правилото од 400 поени на неговата претходна состојба за да може да се применува повеќе пати во еден настан и приспособување на формулата за пресметување на почетните рејтинзи за да се вклучат две дополнителни ремија против хипотетички противници со рејтинг 1.800, пишува ФИДЕ.
– Разбирајќи го значењето на решавањето на прашањето за дефлација на рејтингот ги споделуваме овие предлози и ја покануваме шаховската заедница да се вклучи во јавна дискусија. Ја охрабруваме шаховската заедница да ги изрази своите размислувања за овој предлог и да ни ги испрати своите коментари, предлози, идеи и математички пресметки. Комисијата темелно ќе ја разгледа целата комуникација, ќе ги анализира вашите предлози и ќе ја претстави конечната верзија на промените во регулативата за рејтинг до Советот на ФИДЕ во октомври 2023 година. Откако ќе бидат одобрени, промените ќе бидат соопштени во декември и ќе стапат во сила почнувајќи од јануари 2024 година – пишува ФИДЕ на својата интернет-страница. Н.М.