Двокатен автобус се запалил околу 15:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје, пренесе МИА.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека е интервенирано со едно возило и пет пожарникари и дека пожарот е целосно изгаснат.
Претходно, пожар имаше и на депонијата кај Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ на кој интервенираа 14 пожарникари со седум противпожарни возила.