Маж загина во сообраќајна незгода кај селото Кладник, кичевско.
-На 17 јули во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево – објави МВР.