ФУДБАЛ – ВО 4. КОЛО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

По првите три кола, со по три победи се Пари сен Жермен, Астон вила, Ливерпул, Реал Мадрид и Бетис, а Штутгарт и Арсенал имаат по две победи и едно реми

Во четвртото коло неделава водечките седум тима по три кола во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) ќе играат на гости. Така, првопласираниот на табелата Пари сен Жермен гостува кај Вилјареал (утре, од 21 часот), Астон вила кај Барселона (утре, 21 ч.), Ливерпул кај Фенербахче (среда, 18.45 ч.), Реал Мадрид кај АЕК (среда, 18.45 ч.), Бетис кај Борусија Дортмунд (среда, 21 ч.), Штутгарт кај Галатасарај (утре, 18.45 ч.), а Арсенал кај Славија (среда, 21 часот). Утре се среќаваат и Шахтер – Спортинг (18.45 ч.), Атлетико Мадрид – Баерн, Феенорд – Интер, Бодо/Глимт – Лил, ЛАСК – Слован и Манчестер јунајтед – Рома (сите од 21 ч.), а в среда се двојките Порто – Наполи, ПСВ Ајндховен – Клуб Бриж, Лајпциг – Манчестер сити, Ленс – Комо и Викинг – Сабах (сите од 21 ч.).
Со мечевите неделава во трите континентални клупски купа (в четврток се и дуелите во Лига Европа и во Конференциската лига) продолжува и трката за двете дополнителни места во ЛШ за идната сезона. На таа табела на Европската фудбалска унија во моментов водат Англија (просек од 7,944 бода) и Германија (7,285). На крајот на сезоната двете најуспешни земји ќе добијат по едно дополнително место во ЛШ. За табелата се сметаат сите резултати, пласмани и напредок во нокаут-рундите на сите три европски клупски натпреварувања. Претходната сезона на првите две места беа Англија и Шпанија, а дополнителните места ги освоија Ливерпул и Бетис, една сезона пред тоа победници беа истите земји (во ЛШ настапија Њукасл и Вилјареал), а во првата сезона со тоа правило победници беа Германија и Италија (Борусија Дортмунд и Болоња).
ЛШ, табела по три кола: ПСЖ, Астон вила, Ливерпул, Реал М. и Бетис по девет бода, Штутгарт и Арсенал по седум, Барселона, Комо, Манчестер С., Клуб Бриж, Спортинг и Борусија Д. по шест, Баерн пет, Рома, Атлетико М., Шахтер и ПСВ по четири, Вилјареал, Интер, Манчестер Ј., Наполи, Галатасарај, ЛАСК, Сабах, Феенорд, Ленс, Бодо, АЕК и Лајпциг по три, Фенербахче два, Славија и Викинг по еден, Порто, Лил и Слован без бодови. Н.М.