Фото: принтскрин

Момчето што го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград денеска сведочи во судскиот процес против својот татко.

Како што пренесуваат српските медиуми, почна распитот на момчето убиец како сведок во постапката против татк си, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Таткото се сомничи дека оружјето со кое момчето убиец го изврши масакрот во основното училиште е нерегистрирано. Исто така, постои сомневање дека го обучувал синот да ракува со оружје и дека го носел на стрелиште.

Момчето имаше 13 години кога го изврши делото, па не подлежи на кривична одговорност.

Судот во Белград претходно донесе решение за забрана на таткото да располага со недвижниот и движниот имот, чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца.

Седмоодделенецот Коста Кецмановиќ на 6 мај влезе во училиштето и уби деветмина свои соученици и чуварот. Од тогаш се наоѓа во психијатриска болница на испитување.