Фото: Пиксабеј

Ситуацијата на терен укажува дека плановите за враќање на испораките на руски гас за Европа преку Украина во моментов се невозможни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Волстрит Џурнал“.

Во врска со информациите претходно објавени во медиумот, дека неименувани претставници изјавиле дека САД наводно бараат обновување на испораките на руски гас за Европа преку Украина, Песков рече дека „малку е веројатно дека за тоа сè уште може да се разговара“, пренесуваат руските медиуми.

Песков истакна дека „во моментов ситуацијата на теренот“, благо речено, „покажува невозможност за спроведување на вакви планови“, додадавајќи дека идните испораки на руски гас за Европа ќе зависат од подготвеноста на купувачите и способноста на продавачите.

– Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Сè ќе зависи од желбите на купувачите, желбите на продавачите и можностите на продавачите. Бидејќи, како што знаете, пазарот на гас е многу поголем од европскиот, иако европскиот пазар е примарен. Но, во исто време, знаете дека центрите на глобалниот економски раст се далеку од тоа да бидат во Европа. Тие, на крајот на краиштата, се на колективниот југ – заклучи Песков.