Oil market
Фото: ЕПА

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа пад и се спуштија под 106 долари за барел, по сигналите од Вашингтон за можност за дипломатско решавање на војната со Иран и најавите за нов круг разговори во регионот.

На лондонската берза барел нафта се тргуваше за 105,83 долари, што претставува пад од 7,60 долари во однос на петочната цена, пишува „Економик Тајмс“.

Пад е регистриран и на американските берзи, каде што цената на барелот изнесуваше 96,95 долари, односно 7,17 долари помалку во споредба со петокот.

И покрај денешното намалување, октомври заврши со највисока цена на нафтата во последните шест месеци. Причина за растот беа стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, особено во пресрет на среднорочните избори во САД, закажани за вторник.