Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека Русите, односно Украинците, планираат непосреден напад на нуклеарната централа во Запорожје.
Русија тврди дека украинската војска планира да ја нападне електраната, користејќи ракети и дронови, додека украинската војска соопшти дека руските сили поставиле експлозивни направи на покривот на централата.
Русија ја презеде најголемата нуклеарна постројка во Европа во февруари минатата година. Оттогаш, секоја од завојуваните страни редовно ја обвинува другата за гранатирање во близина на централата и ризик од нуклеарна катастрофа.