СДСМ да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
-Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа – велат од партијата.
1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.
2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори.
-Ковачевски да каже кој од овие два предлози го прифаќа? Во спротивно попусто троши време за состаноци и замајување на сопственото членство – се наведува во соопштението.