Со воена свеченост вчера во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево беше одбележан денот на единицата „21 мај“.
Командантот на 4.п.б. потполковник Горан Трајаноски се обрати до присутните и најпрво ги поздрави Командантот на 1.п.б.р бр.ген. Сашко Лафчиски, команданти и поранешни команданти, старешини војници и цивилни лица во Армијата и претставници од 4 Бригада за асистенција на безбедносните сили од ВС на САД и останатите присутни.
-Ми претставува огромна чест и задоволство а по повод Денот на единицата„ 21 мај – да ви се обратам како командант на 4.п.б. 21 мај е од посебно значење за припадниците на 4.п.б. бидејќи денес се навршуваат 80 години, од сега веќе далечната 1943 година кога Главниот штаб на НОВ и Партизанските одреди на Македонија од пристигнатите борци на 21 мај 1943 година, го формира Кичевско-Мавровскиот Партизански одред – рече во воведното излагање командантот на единицата Горан Трајаноски.
Тој во продолжение од своето обраќање ги наведе активностите на единицата во тековниот и во наредниот период.
-И оваа година активно се вклучивме во проектот од МО за популаризација на воениот позив во Армијата, во сите училишта за средно образование во зоната на одговорност на единицата. Заедно со припадниците на МВР успешно и професионално ја реализиравме мисијата во спречување на неконтролирано движење на мигрантите во поширокиот регион од јужната граница – рече во продолжение Трајаноски и ги нагласи редовните и тековни задачи кои приозлегуваат од мисијата на единицата и побаравуњата од претпоставената команда за учество на разни вежбовни активности и потсети дека земјава е полноправен член на НАТО, како и во сите општества така и во земјава, како војници предничат во промоцијата на НАТО вреностите, со начин на дејство и оперирање согласно НАТО стандардите.
Нагласи дека во соработка со Црвениот крст и одделот за трансфузиологија е реализирана крводарителна акција и собрани се 96 единици на крв.
Во текот на одбележувањето беа прочитани имињата на старешините и војниците кои добија стимулативни мерки а за најдобар вод во единицата беше прогласен Логистичкиот вод на командата на единицата. З.А.