Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на поголема воена поддршка за Украина на самитот на Г7 во Јапонија.
– Треба да и дадеме на Украина алатки за успешно да се одбрани и да го врати целосниот суверенитет и територијален интегритет – им рече таа на лидерите на Г7.
– Треба да и ја обезбедиме на Украина потребната воена и финансиска поддршка. И мораме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно – додаде таа.
Фон дер Лајен го истакна и избегнувањето на западните санкции против Русија. Микропроцесорите, чиповите и сензорите се испраќаат во Русија и „завршуваат во оружје што се користи против Украина на бојното поле“ – предупреди претседателката на ЕК.