ТАЕКВОНДО – ПРВ ДЕН НА Г1-ТУРНИРОТ ВО СКОПЈЕ

Едно сребро и три бронзи освоија македонските натпреварувачи во кадетско-јуниорска конкуренција по првиот ден на меѓународниот таеквондо- турнир „Скопје опен“ од серијата Г1, кој првпат се одржува во Македонија. Вчера беа борбите во сениорска конкуренција. Сребро освои јуниорот Дарко Ѓоргиев (категорија до 68 кг), кој во финалната борба загуби од Хрватот Миро Јуркиќ, а победи ривали од БиХ и од Бугарија. Со бронзи се закитија кадетот Стефан Димовски (до 37 к) и јуниорите Андреј Василевски (до 51 кг) и Јован Марковски (над 78 кг). Турнирот е мошне значаен оти на него во сениорска конкуренција се освојуваат бодови за олимписка норма за настап на Летните олимписки игри во Париз в година. Г.И.