Наскоро во фукција ќе биде ставен новиот БТО систем во рудникот ПЈС Суводол во РЕК „Битола“.
– Системот е изграден со речиси целосен влог на сили и ресурси на компанијата. Во поставување на системот учествуваа голем број стручни лица од ПЕ Рудници на РЕК
„Битола“, а нашата компанија е особено горда на фактот што најголемиот дел од компонентите се репарирани делови од други системи со што значително беа намалени трошоците за реализација на овој значаен проект. Делови од системот, пак, ги изработија вработени во нашата фирма – ќерка ФОД – изјави генералнот директор на АД
ЕСМ, Васко Ковачевски.
Новиот БТО систем во рудниците на РЕК „Битола“ ќе овозможи побрзо ископување на јаловина, со што ќе се интензивира и ископот на јаглен.
– Целта е да се задржи динамиката на зголемено производство, подвиг кој успеавме да го направиме оваа грејна сезона и не дозволивме граѓаните и државата да се соочат со недостиг од електрична енергија – изјави Ковачевски, кој денеска присуствуваше на завршните подготовки за пуштање во функција на системот. М.М.