Полицијата приведе 26-годишен скопјанец кој се обидел да извади брз кредит со фалсификувана лична карта.
– На 20 март во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје. Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција – соопшти МВР.
Скопјанецот бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.