Фото: Принтскрин

Полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана во две луксузни кампинг возила.

– Финализирана е мегаоперацијата на полицијата за борба против трговијата со дрога под шифра „Кампер“. Уапсени се четири лица, две момчиња и две девојки, државјани на Романија. Запленети се 260 килограми марихуана и две кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици – соопшти полицијата.

Исто така, петмина се бараат како соработници во оваа криминална активност, но поради истрагата нивниот идентитет полицијата не го објавува во јавноста.

– Од спроведените истражни дејствија се сомничи дека уапсените се соработници на албанските државјани по кои се трага. Се камуфлирале како туристи, со луксузни кампинг возила со ромунски национални ознаки и шверцувале наркотици од нашата земја во Грција и во други земји – наведува полицијата.

Според полицијата уапсените романски државјани се од 20 до 24-годишна возраст.