Фото: Твитер / Турска агенција за управување со вонредни состојби

По 278 часа поминати под урнатините од земјотресот во Турција, бил спасен 45-годишниот Хакан Јасиноглу, јави новинаската агенција Анадолија. Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница.

Претходните денови спасувачките екипи успеаја да спасат уште десетина луѓе кои биле под урнатините повеќе од 200 часови. Доброволци од голем број држави и од Турција, спасувачки служби и турските армиски сили се уште упорно трагаат по луѓето затрупани во урнатините на зградите по земјотресите на југот на Турција и во северните погранични области на Сирија.

Бројот на загинати се искачи над 42 илјади. Двата разорни земјотреси, што се случија на 6 февруари, беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.