Земјотрес во Хрватска регистрираа апаратите на Светската метеоролошка организација.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во близина на Пула, кај островот Крк, а јачината на потресот, кој е регистриран во 10.47 часот, е 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се почувствува низ целиот регион и Проморско-горанската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра…
По овој земјотрес следеа уште неколку послаби со магнитуди од 2,0; 1,6 и 1,7 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за настанати штети и евентуални жртви.