Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева денеска се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје.
На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.
Пред спомен-плочата во нејзина чест присутните положија цвеќе.
Настнот помина мирно и без инциденти, а од изутрината на кејот беше забележително зголемено присуство на полицијата.