Илустрација / Фото Пекселс

Вооружените сили, предводени од сириските Курди, денеска најавија дека ќе возвратат на серијата напади од турските воени авиони, кои во текот на ноќта ги погодија областите под нивна контрола во североисточна Сирија.

– Овие напади на турските сили нема да останат без одговор … Ќе одговориме ефективно и ефикасно во вистинско време и место, се вели во соопштението на Сириските демократски сили (СДФ).

Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека земјата извршила воздушни напади врз северните региони на Сирија и Ирак, чии цели биле курдските групи кои Анкара ги смета за одговорни за минатонеделниот смртоносен бомбашки напад во Истанбул.