ратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно одржување на седница на која ќе се разгледа предлог-законот за енергетика што вчера по итна постапка беше поднесен до Собранието, изјави денеска пратеникот Бојан Стојаноски.
– Сметаме дека е во ред образовните и здравствените установи да добиваат поевтина електрична енергија, но намерното изоставување на водоводните и комуналните претпријатија од стана на Владата во нивните предлог мерки е крајно некоректно и недозволиво. Владата со ова покажува дека не ги третира сите граѓани подеднакво но исто така остава простор водоводните и комунални претпријатија во наредниот период да ги зглолеми цените на своите услуги кои што дополнително ќе го влошат животниот стандард – рече Стојаноски.
Предлог-законот за енергетика што го поднесоа по итна постапка, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, освен образовните и здравствени установи ги опфаќа и водоводните и комунални претпијатија.
– Сметаме дека ова решение е правично и неселективно. Апелираме до пратениците на парламентарното мнозинство да го прифатат нашиот предлог закон бидејќи ги опфаќаме сите категории на граѓани, установи и стопански собјекти на кои ом е потребна поевтина електрична енегрија. Доколку колегите од парламентарното мнозинство се издигнат над ситуацијата ќе покажат дека навистина се грижат за граѓаните кои што ги претставуваат во законодавниот дом и ќе покажат дека интересите на граѓаните им се над партиските наредби. Сега е време да им се помогне на граѓаните за полесно да ја пребродат тешката зима која е пред нас. Ајде заедно да го изгласаме овој предлог закон за потоа да можеме да се насочиме кон следните предизвици кои ни ги носи оваа енергетска криза – изјави Стојаноски.