Методи Чепреганов/Фото: Маја Јаневска- Илиева

Доделени се државните награди „11 Октомври“ за 2022 година, како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија. За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на Методи Чепреганов, невропсихијатар. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на Линдита Ахмети, поетеса, Томислав Османли, писател, и на Мицко Јанкуловски, ликовен уметник.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври, во 12 часот, во Собранието на Македонија.