Шест лица загинаа, а 20 се ранети во вооружен напад во училиштето број 88 во Ижевск, главниот град на руската република Удмуртија, соопшти прес-службата на Министерството за внатрешни работи на републиката.
– Полицијата веднаш го пронашла телото на човекот кој отворил оган. Тој наводно извршил самоубиство. Во овој момент се знае дека во неговиот напад загинале шест лица, а околу 20 се повредени. Информациите се прецизираат – се вели во соопштението.
Претходно претседателот на Удмуртија, Александар Бречалов изјави дека е убиен училишен чувар, а меѓу жртвите има и деца.