По поставувањето на блокади во северниот дел на Косовска Митровица, во четири случаи од огнено оружје било пукано кон полициските единици, а во еден случај била слушната и детонација, соопшти денеска косовската полиција.
Во соопштението се наведува дека нема повредени ниту полицајци ниту граѓани.
-Досега се пријавени четири случаи на запрени и малтретирани Албанци кои патувале во тој реон, нанесување повреди и материјална штета врз возила, од страна на осомничени за кои постои сомневање дека се дел од организации за блокирање патишта – се вели во соопштението.
Се додава дека и натаму затворени за сообраќај се премините Јариње и Брњак.