ВИРУСОТ СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Во Србија е регистриран уште еден случај на зараза со мајмунски сипаници, вкупно шести досега, објави институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за лице од поширокиот регион на Белград, а инфекцијата, посочуваат дека била „увезена“.
„Досега во Србија се регистрирани шест увезени потврдени случаи на мајмунски сипаници (четири на територијата на Белград и два на територијата на Војводина). Сите тие имаат типична клиничка слика на мајмуни сипаници, со развој на сипаници“, се вели во одговорот на институтот „Батут“ на прашањата на медиумите.
Податоците беа објавени вчера, а претходниот извештај беше објавен на 7 јули. Тогаш во Србија имало пет пациенти, од кои тројца во Белград и двајца во Војводина.
„Во Република Србија, во периодот од 17 јуни до 7 јули 2022 година, регистрирани се пет увезени потврдени случаи на мајмунски сипаници кај мажи. Случаите се регистрирани во Белградскиот округ (3) и во Војводина (2)“, гласеше претходниот извештај.
Според информациите од територијално надлежните јавни здравствени институти, кои спровеле епидемиолошки истражувања, сите пациенти имаат поблага типична клиничка слика на болеста со развој на сипаници. Едното лице е во изолација во болнички услови, а другите лица се во домашна изолација – стои на веб-страницата на таа институција.