Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека протоколот со Бугарија ќе го објават пред да го потпишат властите. Тој, во интервју за ТВ24, додаде дека во протоколот нема ништо спорно.
– Протоколот е записник од средба која уште не е оддржана. Мерките што ги предвидуваме да се услогласат ќе ги објавиме пред да ставиме потпис – изјави Османи.
Тој исто така рече дека Бугарите не биле задоволни од договорот.
– Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… Единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа – рече Османи.