По кратко боледување, на 65-годишна возраст денеска почина Јаким Наумов – Јаче.
Наумов во јавноста беше познат како адвокат што ги застапуваше припадниците на единицата за брзи интервенции „Лавови”, како и едукатор и стопанственик од Куманово.
Тој во повеќе процеси без паричен надомест ги застапуваше припадниците на единицата на МВР.
Погребот на Наумов ќе се изврши на градските гробишта во Куманово, утре во 13 часот.