Во Битола уште четири улици, покрај целосно новата инфраструктура, добија и нов асфалт.
Со денешното асфалтирање на улицата Брегалничка, општина Битола, ја заврши реализацијата на проектот за рехабилитација на коловоз на оваа улица, во должина од 523 метри.
Паралелно со оваа улица општината на крајот на минатата недела, заврши со асфалтирањето и на улиците Штипска, Бранислав Нушиќ и Христо Узунов, со што локалната самоуправа, од почетокот на градежната сезона, ги заврши предвидените инфраструктурни активности на девет улици, кои се дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во општина Битола“, кој ќе биде комплетно реализиран до крајот на оваа година, велат од локалната самоуправа.
М.М.