Историската драма „Версај“ на Би-би-си, што го прикажува животот на кралот Сонце, Луј 14, која веќе ја нарекуваат најконтроверзен проект на оваа телевизиска куќа во историјата, ќе биде прекината по завршувањето на третата сезона. Само во втората сезона серијата имаше повеќе од 10 сцени несоодветни за помлади од 18 години, а откако падна гледаноста, француската кабелска телевизија Канал плус исто така реши да ја укине.
Станува збор за проект што располагал со буџет од 21 милион фунти, но многуте разголени сцени, за кои публиката прво била отворена, ги избркале гледачите, кои со текот на времето содржината ја оцениле како дегутантна. Поради слични причини гледаноста паднала и во Франција. Инаку, сцените од серијата можат да се пронајдат на голем број порнографски станци, вклучувајќи ја и Порнхаб. Во третата сезона гледачите ќе видат како Луј 14 добил апсолутна моќ, а сето тоа и овој пат ќе биде зачинето со многу голотија, како и во претходните две сезони.