Некогаш доминантниот американски трговски синџир „Сирс“, кој го смени начинот на пазарење и животен стил на Американците, поднесе барање за банкрот.
„Сирс“, 132 години стариот трговски ланец во најбогатата земја на светот, долги години се бори за опстанок, тонејќи во долгови.
Капката која ја прелеа чашата и ги натера сопствениците да побараат банкрот, бил долгот од 134 милиони долари кој доспеал денеска за наплата, а тие едноставно не се во можност да го платат.
На почетокот на летото најавија затворање на дури 78 непрофитабилни трговски објекти, од почетокот на годинава е ставен клуч на 166 продавници, а вкупните долгови на „Сирс“ веќе достигнаа пет милијарди долари.