Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел смета дека Мариупол е европскиот Алепо. Неговата забелешка се однесуваше на сирискиот град што претрпе големи разурнувања за време на војната. Алепо се наоѓа на листата на Светско културно наследство.
– Целосно уништен град. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме сè од себе да се стави крај на оваа војна што поскоро. И затоа ќе продолжеме да ѝ помагаме на Украина – напиша Борел на Твитер.
Според шефот на европската дипломатија, војната во Украина ја трансформира глобалната геополитика.
Руските сили ја презедоа контролата врз украинскиот град Мариупол, но припадници на украинските сили останаа блокирани во фабриката за челик „Азовстал“. За денеска е планирана операција за извлекување на цивили од фабриката „Азовстал“, соопшти кабинетот на претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Апел од опколената фабрика „Азовстал“: Имаме 600 ранети, снемува храна и вода
Како што објавија западни медиуми, Украина се надева дека денеска ќе ги евакуира цивилите кои се наоѓаат заедно со украинските борци во огромната фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол.
Песков: Цивилите можат да го напуштат „Азовстал“, милитантите да го положат оружјето
Засега не се соопштени други детали.
Борел: Инцидентите во Транснистрија ѝ штетат на безбедноста на Молдавија
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, се огласи за последните инциденти што се случиле во сепаратистичкиот регион во Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Транснистрија е регион во Молдавија со посебен статус, но речиси под целосна контрола на Москва, каде се стационирани руски трупи.
Последните денови властите во Молдавија пријавија повеќе експлозии во регионот.
Шефот на ЕУ дипломатијата предупреди дека овие инциденти се штетни за стабилноста и безбедноста на Молдавија и ги повика „сите одговорни чинители да избегнуваат дестабилизација“.
Борел ја пофали „воздржаноста“ на молдавските власти.
– ЕУ е солидарна со Молдавија и ја повторува својата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Молдавија во нејзините меѓународно признати граници и со специјален статус за регионот Транснистрија – изјави Борел.
Западните сили изразуваат загриженост дека Русија може да ги прошири своите воени дејствија во други држави каде контролира сепаратистички региони, како Молдавија и Грузија.