Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека од утре до недела (14 октомври), за времетраењето на Саемот на мебел, во редовниот градски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии, со броеви: 100 и 200, кои ќе сообраќаат до Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. Поаѓањата од Ново Лисиче ќе бидат во термините: 11.00, 12.20, 13.40, 16.00, 16.20 и во 17.40 часот, а од СЦ „Борис Трајковски“ кон Ново Лисиче во: 11.40, 13.00, 14.20, 15.40, 17.00 и во 18.20 часот.
Автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. Поаѓањата од Дексион во седумте саемски дена ќе бидат во 11.20, 12.40, 14.00, 15.20, 16.40 и во 18.00 часот, а од СЦ „Борис Трајковски“ кон Дексион во 12.00, 13.20, 14.40, 16.00, 17.20 и во 18.40 часот.
Според претпријатието за јавен градски превоз, двете автобуски линии ќе им го олеснат пристапот на посетителите до саемската манифестација.