Руската фудбалска федерација соопшти денеска дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, откако националниот тим беше исфрлен од претстојниот мундијалски бараж, како и од сите други меѓународни натпреварувања.
Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.
ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на воениот конфликт со Украина.