Украинската војска денеска соопшти дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците.

– Според командата на Здружените сили, денеска, 24 февруари, во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите – соопшти Генералштабот на армијата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило украински воени воздушни бази и системи за ПВО, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена офанзива против соседот на неговата земја.

– Воената инфраструктура во воздухопловните бази на украинската армија се исфрлени од акција“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Според нив, системите за ПВО на Киев се „елиминирани“.