Фото: Твитер

Зеленски соопшти дека е воведена воена состојба и ги повика луѓето во Украина да останат смирени

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени.

Во краткото видеообраќање објавено од Министерството за одбрана на Украина, Зеленски рече дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и украинските граничари, при што се слушнале експлозии во многу градови низ земјата.

Тој додаде дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, а на Украинците им порача да останат во своите домови и да бидат смирени.

– Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина – рече Зеленски.