Поранешниот вицепремиер Димитров непотребно пред почнувањето на новата фаза со Бугарија, го обвини Османи, смета поранешниот специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.
– Неговите изјави ме изненадија и сум прилично зачуден. Непотребно ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија. Станува збор за искусен политичар и малце тоа беше неочекувано од негова страна – рече Бучковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“