Во Прилеп се регистрирани 458 новозразени од ковид-19 во периодот од 17 до 23 јануари, според податоците од Центарот за јавно здравје Прилеп. Евидентирани се и
осум починати лица како последица на ковид-19. Активни се 785 случаи.
Од активните, 27 лица се на болничко лекување. Од нив 26 се на кислородна поддршка. Од хоспитализираните, кои се на средна возраст, седум лица биле вакцинирани.
Во болницата дневно се лекуваат уште 22 лица кои примаат дневна терапија. Засега не е исполнет капацитетот на инфективното одделение, вели директорката на болницата Кети Смилеска, додавајќи дека нема потреба од активирање на друг простор.
Но, проблем е недостигот од кадар.
– Од вработените имаме позитивни на ковид-19 од речиси сите одделенија, но
најизразено е во нервно, во брза помош. Проблемот го решаваме со ротации – вели
Смилеска. Ка.М.