фото: Фејсбук

Доколку владата отстапи од официјалната бугарска позиција за Северна Македонија, ВМРО ќе иницира национален референдум за ова прашање. Ова го соопшти европратеникот и заменик претседател на партијата, Ангел Џамбазки.

Според него, можната промена би го „запалила“ бугарското општество и би довело до протести низ целата земја:

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да понесат одговорност за прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција“, вели Џамбазки.

Европратеникот лани беше во центарот на вниманието со скандалозниот предизборнен спот насловен „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.

Џамбазки во спотот говорејќи за Македонија рече: „Колку похистирично ја празите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај“.

Ангел Џамбазки е од националистичката партија ВМРО-БНД на ексвицепремиерот Красимир Каракачанов кој додека беше министер за одбрана се закани дека ако треба ќе прати еден полк војска во Скопје за да ги тргне спомениците.